Менаџерот на Конор: Ќе има меч со Пакијао

ММА ѕвездата Конор Мек Грегор сигурно ќе се соочи со вториот одличен боксер на нашето време, категоричен е неговиот менаџер.

По мечот со Флојд Мејведер Јуниор во 2017 година, сега Оди Атер е категоричен дека Ирецот ќе се сретне со Мани Пакијао во рингот. Двајцата коментираа на оваа тема неколку пати и изразија желба да се сретнат, а според Атер – ова е неизбежно.

„Конор има меч на 23 јануари против Дастин Пориер. Прво ќе се справи со него, но Конор секогаш велеше дека сака средба против Мани. Мани исто така сака да се бори со Конор. Како што претходно јавно изјавив – имавме разговори. Овој меч дефинитивно ќе се случи, бидејќи и двајцата борци го сакаат тоа, а се чини дека навивачите ширум светот се заинтригирани од оваа можност“, изјави Атер за Блумберг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО