Менаџерот на Хабиб, Али Абдел Азиз никогаш не го криел фактот дека воопшто не му се допаѓа Конор Мек Грегор, дури во последните неколку години си дозволуваше да користи и непристојни коментари на негова адреса. На крајот успеа да организира борба меѓу неговиот клиент и најголемата ММА ѕвезда и кажа што ќе се случи на 6 октомври.
„На 6 октомври правдата ќе царува. Лошиот против злиот. Моралноста против алчноста. Секој е понижен од непоразениот, п4п најголем, единствениот орел, мојот брат Хабиб. Мајчина му на Конор“.
October 6th justice will be served. Bad VS evil. Moral vs greed. Everybody is food and everyone getting humbled by the undisputed, undefeated, p4p great the one and only eagle my brother @TeamKhabib #fuckconor pic.twitter.com/GHcwqnSTjQ
— Ali Abdelaziz (@AliAbdelaziz00) September 9, 2018
Али Абдел Азиз зборува за алчност, но пред да се организира средбата меѓу Хабиб и Мек Гргеор, токму Дагестанецот крена раце нa УФЦ за повеќе пари, а цело време тврдеше дека парите не го интересираат и едноставно сакал да го претепа Конор. Но на ова треба да се додаде дека УФЦ ќе го потценеше Хабиб со првичните понуди. Или, едонсотавно, се е според планот како да се зарботат повеќе пари за УФЦ.