Менаџерот на Хабиб му постави ултиматум на Фергусон, но брзо се предомисли (ФОТО)

toni-ferguson-i-habib-nurmagomedov

Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон се уште се натегаат околу договорањето на меѓусебната пресметка, а сега во целата приказна одлучи активно да се вклучи и менаџерот на Дагестанецот.

Се чини дека Хабиб обиде се да стори за да се реализира борбата, а на Фергусон дури му понуди и свои пари како би ги исполнил дел неговите барања. Фергусон ја одби понудата, а потоа се јавил Алиабделазиз, менаџерот на Нурмагомедов кој постави ултиматум до „Ел Цуцуја“, истото се објави и на Твитер, а потоа се предомисли и ја избриша објавата.

„Тони Фергусон, имаш шест дена да се постигнеш договор со УФЦ. Ако во тоа не успееш, тогаш пронајдам некој друг за борба“, пишува Абделазиз во објавата во која ги тагираше Фергусон и Дан Вајт.

khabibov-menadzer

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО