Мајк Тајсон го нокаутирал Весли Снајпс од „Блејд“ оти флертувал со жена му!

Majk Tajson ti

Мајк Тајсон го нокаутирал додворувача!от на неговата сопругa!

Популарниот актер Весли Снајпс, кој стана познат по главната улога во филмот „Блејд“ направил мала авантура со сопругата на Тајсон, без да размисли со кого си има работа.

Снајпс и порано имал проблеми со Тајсон откако Челичниот Мајк дознал дека актерот се вртка околу неговата сопруга. Поранешниот телохранител на боксерот, Руди Гонзалес, неодамна откри дека Мајк го нокаутирал Снајпс, кој не е нималку наивен кога се работи за тепање, бидејќи има црн појас во карате.

Но, си имал работа со еден од најдобрите боксери во историјата, познат по бруталните нокаути. Какви му биле шансите може да замислите.

blejd

Една вечер, откако девојката на Тајсон, Хоуп, излезе од неговиот апартман во Лос Анџелес, тој ми рече да ја следам. Таа си замина порано од вообичаеното кажувајќи му дека мора да се види со својот пријател. Мајк сакаше да знае дали таа ќе зборува со некој и за сè што ќе се случува таа ноќ. Се качив во моето „ламборгини“ и почнав да ја следам на безбедна оддалеченост. Одеднаш Хоуп излезе од автомобилот, помина покрај еден црн „лексус“ од кој излезе нејзиниот пријател, а тоа беше познатиот актер Весли Снајпс“, раскажал телохранителот на Тајсон, а потоа открил и што се случувало откако Мајк дошол на паркингот на клубот.

„За помалку од 10 минути, Тајсон се појави во друштво на вториот телохранител Ентони Питис. Кога Хоуп го виде, практично падна од прегратката на Снајпс директно на подот. Актерот се „замрзна“ на самото место и почна да се правда дека не сака никакви проблеми. На тоа Тајсон го покани да појдат заедно до тоалетот на клубот“.

„Кога се вратив од паркингот, видов дека Ентони ја блокирал вратата од тоалетот. Неколку минути подоцна слушнав голема врева оттаму, а потоа Тајсон излезе сам. По неговото заминување, ја скршив вратата од тоалетот. Весли Снајпс беше на спротивната страна од ѕидот, во несвест и со главата навалена на една страна“, открил за медиумите поранешниот телохранител на Тајсон, Руди Гонзалес.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО