Роуч за поразот на Ронда: Сите ја прочитаа, време е да се пензионира (ВИДЕО)

rouc-ronda

Познатиот боксесрки тренер Фреди Роуч има искуство со ММА борците.

Меѓу останатите, и помогна Жорж Сент Пјер, Андерсон Силва, Андреј Арловски, Жерард Мусаси, Френк Мир, Б. Ј. Пен, Маурисио Руи и Хозе Алдо.

56-годишниотАмериканец го коментираше поразот на Ронда Русеј на УФЦ 207. Аманда Нуњеш за само 48 секунди ја нокаутираше поранешната шампионка која кога го доби првиот удар веќе не беше во борбата. Тоа и беше вториот последователен пораз со нокаут. Пред 13 месеци со висок удар ја запре Холи Холм и го освои појасот во бантам категорија.

Роуч признава дека обложил против Русеј и дека поранешната шампионк по поразот треба да се придржува кон актерството.

Од оваа гледна точка, тој се согласи со мајка и на Ронда, Ана Марија Де Марс.

„Нејзината мајка е во право. Нејзиниот стој не е добар. Сите ја прочитаа. Поентата е во тоа кога ќе доживеете таков пораз понекогаш може да се вратите, а понекогаш не можете … тоа зависи од личноста. Штом го доби првиот удар борбата беше готова … 48 секунди претепување. Нејзината мајка е во право. Треба да се повлече “, рече бокс тренерот за ТМЗ.

На Русеј за бората со Нуњеш и беше загарантирана заработувачка од 3 милиони долари, додека бранителката доби само 200.000 со процент од продажбата на ППВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО