Мелвин Гилард нокаутирал гостин во клуб (ВИДЕО)

Мелвин Гилард, поранешниот УФЦ борец, кој сега работи како чувар во клуб, призна дека нокаутирал гостин пред клубот каде што работи во градот Денвер, Колорадо.

Боксерот пред суд призна дека го нокаутирал гостинот во тепачка минатата година, а сега излезе и видеото од безбедносната камера на кое се гледа тепачката.

Гилард го нокаутирал гостинот, кој пијан сакал да се врати во клубот, од каде претходно бил исфрлен.

Гилард го напушти УФЦ пред пет години, а последната ММА борба ја имаше минатата  година за јапонската промоција Ризин, при што загуби од Гоми. На врвот на кариерата беше еден од најдобрите боксери во лесна категорија и кандидат за шампионска титула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON