Мек Грегор во полиција поради пријава за силување?

Ирските медиуми јавуваат дека големата спортска ѕвезда завршила на испитување во полицијата заради сексуален напад.

Повеќе медиумите го посочија името на Конор Мек Грегор, а таа теза ја потврдуваат и информациите кои протекоа од ирскиот јавен радиодифузер РТЕ.

Полицијата го испрашала осомничениот во врска со инцидент што се случил на 10 декември во Даблин. Осомничениот дојде со адвокат.

По испитувањето и давањето на ДНК примерок, ослободен е и се очекува поднесување на тужба.

Поради ирските закони името на обвинетиот не е објавен, но од повеќе страни се појавија информации дека се работи за поранешниот шампион на УФЦ.

Гардаи (ирската полиција) информирана е за наводното силување од страна на пријателка на жртвата, кој се плашеше сама да го пријави злосторството. Ја посетиле жената и разговарале со неа и ја префрлиле во болница на преглед, каде што и се земани форензички примероци.

Жената во 20-тите години, наводно, спортската ѕвезда ја запознала во јужен Даблин и по дружењето завршила со негова придружба во хотелот каде што се конзумирани алкохол и кокаин. Тврди дека некаде помеѓу полноќ и 3 часот била силувана и претепана од спортската ѕвезда. Со прегледот е потврдено дека има сериозни повреди. Жената е мајка на мало дете и е во брска со друг маж.

Мек Грегор на почетокот на годината стана татко по втор пат.

https://www.irishcentral.com/news/irish-sports-accused-rape-assault-arrested

https://www.dailymail.co.uk/news/article-6606615/Irish-sports-star-accused-raping-woman-Dublin-hotel-arrested.html

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО