Филип Божиновски на 9 февруари против Рахим во Швајцарија

Битолчанецот Филип Божиновски на 9 февруари ќе се сретне со Мирадедџим Рахим во Цирих Швајцарија на настанот Фајт најт во организација на ВКУ Швајцарија.

На Божиновски ова ќе му биде 12 ММА. Подготовките се во тек со неговата екипа од Нинџуцу клуб Битола. Филип се знае силен противник со големо искуство во ММА, борење и џиуџицу па се очекува добра борба. Нашиот млад борец се надева на победа.

Во 2018 година имаше две аматерски ММА борби кои завршија во негова корист, два пати е апсолутен балкански шампион во БЏЏ за сини појаси, државен првак во џиу џицу и првак во категорија неколку пати за БЏЏ.

Очекува победа со нокаут во стојка, а подготвен е и за борба во партер. Главната стратегија е борба на нозе и удирачки техники

Менаџер за оваа борба е Урим Саити, кикбоксер и тренер на Маршал артс академијата од Кичево.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО