Хенри Сехудо го нокаутира ТЈ Дилшоу за 32 секунди (ВИДЕО)

Шампионот на УФЦ во мува категорија, Хенри Сехудо, во главната борба против ТЈ Дилшоу на настанот во Бруклин славеше за 32 секунди.

Освен титулата, Сехудо ја имаше во свои раце и судбината на мува категорија, затоа немаше право да грешка. Во почетокот на битката двајцата почнаа да разменуваат удари со нозе и Сехудо зададе удар со нога во главата при што Дилшоу се затресе, а Хенри му се фрли како избезумен и го преплави со удари што го принуди судијата да ја прекине борбата во 32-та секунда на првата рунда.

Тоа е голема победа за Сехудо, кој минатата година ги шокираше сите со победата над Деметриус Џонсон. Во интервјутото по борбата, Хенри изјави дека е подготвен за втора битка со него, но во перо категорија.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО