Мек Грегор влезе меѓу петте највредни спортисти на социјалните мрежи, погледнете кои ѕвезди го остави зад себе

Mek Gregor vo belo odelo so mikrofon

Активноста и објавите со кои Конор Мек Грегор постојано не забавуваа ја доведоа ирската ѕвезда меѓу избраното друштво на Топ 10 на листата на највредните спортисти на социјалните мрежи.

УФЦ -шампионот го зазеде петото место, а зад себе остави имиња како Леброн Џејмс и Тајгер Вудс. Станува збор за 120 /МВПиндекс- MVPindex листата која ја составија дигиталната спортска мрежа 120 Спортс и еден од водечките платформи за мерење и евалуација од овој тип – МВПиндекс.

За составување на листата се користи алгоритам кој ги проценува сите социјални активности во текот на претходната година, при тоа комбинирајќи на три одделни резултати: Досег (навивачи, следбеници, импресии), ангажман ( „лајкови“, коментари, споделување, „ретвитови“, додавање во фаворити) и разговор (позитивни и негативни спомнувања).

Ронда Русеј исто така се најде во пошироката листа и ја зазеде 18-тата позиција. Тие двајцата се всушност единствените претставници на УФЦ на оваа листа.

1.Расел Вилсон (НФЛ)

2.Одел Бекам Јуниор (НФЛ)

3.Ј.Ј. Ват (НФЛ)

4.Рори Меклори (ПГА Тур)

5.Конор Мек Грегор (УФЦ)

6.Леброн Џејмс (НБА)

7.Тајгер Вудс (ПГА Тур)

8.Ричард Шерман (НФЛ)

9.Том Брејди (НФЛ)

10.Роб Гронковски (НФЛ)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО