Мек Грегор: УФЦ не сака да ми даде борба

Конор Мек Грегор одржа прес-конференција во главниот град на Украина.

На конференцијата во Киев која ја организираше интернетстраницата за обложување „Паримач“, поранешниот шампион во УФЦ рече дека раководството на најмоќната светска ММА промоција не сака да му даде борба.

31-годишниот Ирец не се борел од октомври минатата година, кога загуби од Хабиб Нурмагомедов и ова е негова единствена борба за ММА од ноември 2016 година. Бараше веќе неколку мечеви, последниот против Френки Едгар, но Дана Вајт ја отфрли таа идеја.

Можно е УФЦ да го држи Мек Грегор подалеку од октагонот сè додека не се реши ситуацијата со двата случаи за сексуален напад, од кои едно е силување, во кои, наводно, учествувал и борбецот.

„Смешно е, но сега само сакам да се натпреварувам. Се обидов да организирам борба за настанот на 14 декември, но поради некоја причина ме задржуваат. Им праќам датуми. Зборувам дека сакам да се борам тогаш, на тој датум, овој датум, избравме и противници и сè, но поради некоја причина тие ми го отежнуваат тоа“, рече Озлогласениот.

„Доведен сум во ситуација да се обидувам да организирам добротворен настан во декември. Порано го правев тоа во родниот град, но тоа беше аматерски натпревар во бокс во мојот стар клуб, Боксерскиот клуб Крумлин. Сега тоа го сакам во ММА. Да направиш настан, да пронајдеш противник, со нула добивка. Не ми е гајле да заработам пари. Сакам да се вратам. Само сакам да се натпреварувам. Сакам да се покажам во најдобро издание и да продолжам да се искачувам. Така,гледаме тој хуманитарен настан да го организираме во декември“.

„Дури понудив дека заработката од борбата борбата со Френки Едгар ќе ја донирам во добротворни цели. Рекоа дека нема да заработиме доволно со борбата против Френки, а јас и реков да не се грижат, нека ги дадат моите пари за добротворни цели. Но, поради некоја причина, сè стана тешко“.

Сепак, најавуваат дека наскоро може да има поместување.

„Многу блиску сме до тоа да ја најавивме следната борба. Сè уште не во овој момент, но за време на ова патување треба да го објавиме и тоа е нашата цел“.

Мек Грегор ја продолжува турнејата во Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО