Џошуа за реваншот со Руиз спарира со непоразениот албански тешкаш

Ентони Џошуа ја собра екипата за реваншот против Енди Руиз.

29-годишниот Британец во Саудиска Арабија на 7 декември ќе се обиде да си ги врати ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО појасите во тешка категорија во вториот меч со Мексиканецот.

Пред неколку дена беше објавено дека во тренинг кампот во Шефилд дошол 27-годишниот Американец Тимоти Мотен (5-0, 2 КО).

Како ново засилување стигна и Албон Первизај (12-0, 9 КО). Станува збор за 24-годишен непоразен албанско-германски тешкаш висок 191 сантиметар (Руиз е висок 188 сантиметри).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО