Поранешниот шампион на УФЦ Конор Мек Грегор по вторпат стана татко. Тој добрата вест ја објави на социјалните мрежи, не соопштувајќи дали второто дете е машко или женско.
https://www.instagram.com/p/BsOF0oCjTjJ/?utm_source=ig_embed
„Одам дома со моите две здрави деца и енергичната и здрава супермама. 2019-та почна одлично. Ви благодарам на сите за вашите желби“, напиша Мек Грегор.
Првото дете на Конор од Ди Девлин е родено на 5 мај 2017 година кое името го доби по неговиот татко.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=MtH3ZxUgFlU
.