Мек Грегор со тешка навреда на Хабиб

Конор Мек Грегор повторно имаше испади на социјалните мрежи, овој пат се потсмеа за смртта на таткото на Хабиб Нурмагомедов, кој почина од последици на Ковид-19.

Кратко по последниот пораз од Дастин Пориер, Нурмагомедов напиша дека тогаш доброто го победило злото.

„Ковид е добар, а таткото е лош?“, запраша Мек Грегор на Твитер, алудирајќи на смртта на таткото на Хабиб, кој кон средината на минатата година почина од оваа болест.

Ирскиот борец се осврна и на поразот од Пориер, откако му беше скршена ногата во октагонот.

„Скокање во гилотина не е рушење. Примање удари во нога не е блокирање на удар. Прекинувањето од доктор не е технички нокаут. Играта оди понатаму“, напиша Конор.

На оние кои не го сакаат и не им се допаѓаат неговите објави им се обрати со навреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО