Алжирски џудист доби доживотна забрана за настап на Олимписките игри, одби да се бори со Израелецот Бутбул

Поради тоа што одбил да се бори со израелскиот џудист Тохар Бутбул, Меѓународниот олимписки комитет ќе го суспендира алжирскиот џудист Фету Ноурине од настапи на Олимписките игри.

Tој ја одбил оваа борба со зборовите: „Напорно работевме да стигнеме до Олимписките игри, но палестинската работа е поголема од сето тоа. Нема да ги валкам рацете со Израелец“.

Тој за ова добил поддршка и од неговиот тренер, а ова не е прв пат истиот натпреварувач да одбие да се бори со натпреварувач на Израел.

Имено, во 2019 година тој го напуштил и Светското првенство баш поради оваа причина.

Но, Комитетот веднаш ги испратил Алжирецот и неговиот тренер.

Тие велар дека тој ги прекршил основните олимписки вредности како што се пријателството и меѓународното разбирање.

„Спортот треба да биде пример за надминување на сите политички проблеми во светот, а не обратно“, порачаа од Организацискиот комитет на ЛОИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО