Мек Грегор со симболична фотографија реагираше на контроверзниот исход на мечот ГГГ-Канело (ФОТО)

Конор Мек Грегор во моментов ужива на јахтата трошејќи милиони долари кои неодамна го заработи во боксерското деби против легендарниот Флојд Мејведер. Но, „Озлогласениот“ успеа синоќа да ја погледне бробата Головин-Алварез и да ја коментира контроверзната одлука, однонсо нерешениот резултат.

Канело Алварез и Генадиј Головкин пружија вистински боксерски спектакл во Т-Мобиле арена, но јавноста беше разочарана кога борбата заврши без победник со поделена одлука на судиите. Судиските ливчиња за бодување, посебно една спрема која Алварез убедливо го доби мечот (118-110) фрлија дамка на брилијантната изведба на двата боксера.

УФЦ шампионот Мек Грегор, чиј меч со Мејведер многумина го нарекоа циркус, ја сумираше синоќешната одлука  на судиите со една симболична фотографија од средбата Мејведер-Мек Грегор со коментар: „Боксот е луда игра“.

https://www.instagram.com/p/BZIRs_jgT4C/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО