Мек Грегор го одржа ветувањето: Донира милион долари на семејствата на настраданите пожарникари и полицајци!

Минатата година, поранешниот двократен шампион во УФЦ, Конор Мек Грегор, објави дека дел од профитот од продажбата на виски „Пропер 12“ ќе оди во добротворни цели. Откако неговиот бренд имаше голем успех, Озлогласениот го исполни ветувањето. Деновиве се уплатени дури 1 милион американски долари на Фондацијата „Стивен Силер танел ту тауерс“.

Компанијата на Мек Грегор за хуманитарниот чин се огласи преку соопштение за медиумите. Во него се наведува дека парите ќе бидат искористени за отплата на кредитите семејствата на должност настрадните полицајци и пожарникари, кои за себе ги оставија своите деца.

Мек Грегор исто така најави дека во март и април ќе тргне со првите донации за добротворни цели во Ирска, Канада, Велика Британија, Русија, Полска и Јужна Африка. За донацијата зборуваше и во видео записот кој можете да го погледнете во продолжение на статијата.

Ирецот неодамна се врати на победничките навики на УФЦ 246, демолирајќи го ветеранот Доналд Цероне во „главниот настан“. Целта му е до крајот на 2020-та да го врати шампионскиот појас од 70 килограми, кој сè уште го држи Хабиб Нурмагомедов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО