Вејли Жанг: Једержеjчик не престана да плаче во болницата

Вејли Жанг и Јоана Једержеjчик направија легендарна битка минатиот викенд на УФЦ 248 во Вегас. Двете дадоа се од себе, но натпреварувачката од Кина ја одбрани титулата со одлука на судиите. По борбата, тие беа однесени во болница на преглед. Се испостави дека нивните повреди не се сериозни, иако главата на Једержејчик беше деформирана од огромен хематом. Вејли даде интервју за медиумите и изјави дека Полјачката плачела со часови во болницата.

„По борбата, јас и Јоана, се сретнавме во болницата. Стигнавме во болницата скоро во исто време. Имаше само една завеса меѓу нас. Со часови плачеше. Се чувствував многу тажно. Сакав да ја утешам, но заради јазичната пречка, можев само да и кажам: „Добра работа! Многу добро се спарви. Ти си многу добра“. Тогаш таа плачеше, покривајќи си ја главата.

Бев тажна, иако не ме почитуваше пред битката. И ги видов повредите додека таа плачеше. Се чувствував лошо заради неа. Кога замина, ми рече дека треба да продолжам да ја бранам титулата, а таа ќе ме следи. Таа ми рече дека ќе биде се потешко и јас за малку ќе се расплачев. Мислам дека еден воин треба да биде таков“, рече Жанг.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО