Мек Грегор сега бара уште повеќе: Дајте ми процент од сопственоста на УФЦ ако сакате и понатаму да ме гледате

mek-gregor-na-pres-po-ufc-205

Веднаш испишувањето на историјата и освојувањето на вториот појас на УФЦ, Конор Мек Грегор тргна во деловни преговори за продолжување на неговата кариера. Имено, сопствениците на  промоцијата има намера да услови со учество во сопственоста.

Мек Грегор на прес-конференцијата се појави со двата појаси и официјално го објави она за што веќе некое време се зборува дека наскоро ќе стане татко. Потоа тргнаа прашања за тоа што е следно за него, но тој во одговорот не одлучи да се занемава со портската страна, туку со деловната. Неговиот услов ги изненади сите присутни.

„Време е новите сопственици да разговараат со мене. Но, јас не сакам веќе да работам вака за нив без да се видиме што ќе правиме сега. Никој не разговараше со мене, ќе се поздравиме на поминување и тоа е тоа. Јас го заслужив својот дел во оваа компанијата, чија е таа? Видете кој се има свој удел во ова, голем број на познати личности, но каде е мојот дел? Каде е мојот заслужен процент? Бидејќи јас сум оној кој го прави сево ова и кој сето ова го носи, време е да разговараме. Имам два појаси, имам многу пари и семејството е на пат, но знаете што немам? Сакате ли и понатаму да останам овде, сакате ли да го работам она што го работев досега? Тогаш ајде да разговараме, но треба да знаете дека сега го сакам она што го заслужувам и она што заработив. Го сакам мојот еднаков удел во сопственоста на промоцијата“!

Сепак нешто рече што се однесува до неговата физичка подготвеност и состојбата во која се наоѓа моментално:

„Јас сум свеж, имам само неколку гребнатинки, повеќе имаат повреди кои се уште ги влечам од борбата со Нејт Дијаз. Но, јас може да се борам секогаш. Се ќе зависи од тоа што ќе договориме кога конечно ќе се зборуваме. Имам 28 години и сум на врвот, не постои борец во светот кој може да се мери со мени. И сум подготвен да се борам во секое време. Но, и сум свесен за моите вредности. Реков што мора да се случи пред да се борам следниот пат“.

Тајрон Вудли малку порано изјави дека нема да одбие борба против Мек Грегор, но се сомнева дека тоа било мудро за него. И тоа имаше многу краток одговор;

„Се разбира дека ќе се бори против мене, сите тие сакаат да се борат против мене. Но, од сега па натаму мене ќе ме прашаат многу повеќе отколку досега“.

На крајот, имали смисла ова барање, односно, дали е спортски борец да биде еден од сопствениците на промоција во која настапува? Кога е во прашање Мек Грегор, веројатно се има смисла, додека носи вакви пари на врата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО