Дени Гарсија го нокаутираше Варгас, потврден мечот за обединување на титулата (ВИДЕО)

danni-garsija-vargas

Дени Гарсија (33-0, 19 Ко) во Филаделфија го нокаутира Самуел Варгас (01/03/25, 13 КО).
Појасот на Американецот за ВБЦ шампион во полусредна категорија не беше влог во оваа борба.

Гарсија го соборуваше Колумбиецот со десницата во втората рунда, а го заврши со серија од удари до јажињата во седмата.

По борбата во рингот се качи ВБА шампионот Кит Турман и застана лице в лице со Гарсија во пресрет на закажаниот меч за обединување на титулата на 4 март следната година.

Во воведниот дел од програмата Џарет Херд (19-0, 13 КО) со технички нокаут во шестата рунда о победи Романецот Јо Јо Дан (35-4, 18 КО).

Поранешниот ВБА шампионот во суперлесна категорија Хавиер Фортуна (01/01/31, 22 КО) со едногласна одлука на судиите го словлада Омар Даглас (17-1, 12 КО) – 95-94, 96-93, 96-93. Фортуна има клаузула за реваншот со Џејсон Соса, така што на почетокот на 2017 година повторно треба да се бори за титулата.

https://youtu.be/kaBExXSxmyU

https://youtu.be/k3ZmUAPp4DE

https://youtu.be/KvWpwchrD28

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО