Мек Грегор се предомисли: Им донесов 400 милиони долари на УФЦ, подготвен сум за УФЦ 200!

Conor-McGregor sedi

Ирецот Конор Мек Грегор, сепак, не оди во пензија. Според долгиот пост што беше објавена на неговиот официјална профил на Фејсбук во четвртокот, се чини дека боречката сензација се предомисли, само еден ден откако драматично објави дека заминува во пензионија, а УФЦ го отстрани од листата на борби за УФЦ 200 и од мечот со Нејт Дијаз.

Што е всушност вистината, тоа е тешко да се каже, бидејќи постот на Мек Грегор на Фејсбук е многу збунувачки и комплициран. Ирецот скока од тема на тема и пишува како му навираат мислите. Па, во основа се се сведува на желбата УФЦ да му излезе во пресрет кога станува збор за промоција на оваа борба.

На кратко, според неговите пресметки, во последните три борби на УФЦ му донел 400 милиони долари и смета дека одработил многу промоции и сега бара да го остават малку да одмори. Доста му е од промотивните турнеи, летови, гостувања на разни емисии и верува дека сега мора да се посвети само на тренерањето, ако мисли стигне до одмаздата против Нејт Дијаз.

„Не можам ова да го одработам, ако делам флаери. Секогаш ќе се ја играм оваа игра, бидејќи во неа сум најдобра, но овој пат откако изгубив, башрв да ми дадат време за тренирање и фокусирање. Не побарав да ме изостават од некоја  прес-конференција, туку барав да се направи мал приспособување. Но, не јадобив“, напиша Мек Грегор потврдувајќи ја така теоријата која ја изнесе и УФЦ, според која отстранувањето од листата на борбите го објаснија со неотповикување на Конор на закажаното дружење со медиумите.

„Овој пат се среќавам со повисок, потежок и подолг борец. Морам добро да се подготвам. Овој пат не можам да танцувам со медиумите. Овој пат е време други мајмуни да танцуваат. Јас, самиот, со својот танц не донесов до оваа точка. Малата гупава главичка на Нејт изгледа добро на таа сцена. Па, дајте, малку него турнете го пред камери. Тој во последниот меч влезе без да направи каквабило промоција. Јас сето тоа го направив пред да се откаже РДА. Овој пат морам да си се посветам на себе, морам силно да тгренирам, бидејќи тоа е единствениот начин“, додаде Мекгрегор и заклучи:

„Морам и овај пат да бидам себичен. Сметам дека на компанијата и донесов 400 милиони долари во последните три средби и тоа во само осум месеци. Верувам дека тоа е доволно малку да ми попуштат. Сè уште сум подготвен за УФЦ 200. Ќе им понудам да одработам прес-конференција во Њујорк, а потоа да се вратам на тренирањето. Без никакви пречки. Ако тоа не е доволно за промоцијата за која толку направив, тогаш навистина не знам. И само да се знаее за УФЦ и УСАДА … НЕ ОТИДОВ ВО ПЕНЗИЈА“, заклучи „Ноториус“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО