На синоќешното официјално мерење на УФЦ 229 (по наше време), односно на Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов се соочија, но избувнаа искри.
Ирецот во негов стил, покрај тоа што го навредуваше Хабиб, нарекувајќи го терорист, се обиде да ја заврши борбата и пред да почне мечот. Прво го удри Русинот по рацете, додека потоа се обиде да удри со маегери, но беше задржан од обезбедувањето.
And predictably it kicks off here between @TheNotoriousMMA and @TeamKhabib #UFC229 #UFC229 weigh in … pic.twitter.com/R2JfC0X1L1
— Gareth A Davies (@GarethADaviesDT) October 6, 2018
Борбата ќе се одржи во Т-Мобиле арената во Лас Вегас во недела во четири часот наутро (но може и подоцна, во зависност од развојот на другите борби, дури се спомнува и 7 часот) по средноевропско време.