Мек Грегор од продажбата својот бренд на вискито заработи 130 милиони евра

Конор Мек Грегор, кој е меѓу најплатените светски спортисти, направи одлична бизнис зделка со неговиот бренд на Виски „Вистинскиот бр. 12“ (Whiskey Proper No. Twelve).

Тоа е марка на виски што излезе на пазарот во септември 2008 година, а го произведува компанијата „Ајри борн спиритс“ (Eire Born Spirits), основана од Мек Грегор и неговиот менаџер Оди Атар. Креирањето на овој бренд виски беше причина поради која Ирецот агресивно го рекламираше вискито секаде каде што ќе се појавеше, што, пак, му донесе огромна заработка во САД.

Успехот на ова виски беше причина што во некои продавници во Ирска продажбата беше ограничена на најмногу две шишиња по купувач.

Сепак, најголемата заработка од вискито, Конор ја оствари со продажбата на брендот на мексиканската комапнија за производство на текила „Бекле“, која го купи вискито на Мек Грегор за рекордна сума.

Мексиканската компанија, веќе поседуваше 20% од фирмата на Мек Грегор уште од основањето, а минатата година склучи договор со кој доби 49% од акциите. Сега, „Бекле“ постигна договор со Ирецот за откуп на неговиот удел и стекнување контрола на над 100% од акциите, а зделката е вредна 130 милиони евра. Во договорот е оставена можноста Мек Грегор да остане поврзан со компанијата како заштитно лице на вискито.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО