Мек Грегор: Нема да си играм кога ќе се вратам!

Конор Мек Грегор нема да си игра кога ќе се врати во кафезот. Ирската легенда откри дека има 86 килограми, што значи дека треба да ослаби 16 килограми за да се бори во лесна категорија.

„Озлогласениот“ не престанува да тренира и вели дека ќе може да спарингува со полна брзина во април 2022 година. Годината беше тешка за Конор, кој собра два последователни порази од Дастин Пориер во лесна категорија.

Во нивната јулска трилогија, Конор ја скрши ногата и паузираше во последните месеци. Сега, сепак, работите за него се подобруваат и тој почнува напорно да подготвува во салата.

На Мек Грегор му преостануваат уште 2 борби од договорот со УФЦ и е подготвен да потпише нов договор. Дана Вајт ќе мора да си го одврзе ќесето за да ја задржи својата најголема ѕвезда која му прави милиони.

На својот профил на социјалните мрежи, Мек Грегор објави фотографии од салата и го напиша следново:

„Нема да играм кога ќе се вратам! Јас сум 86 килограми гранит“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО