Мек Грегор: Не жалам што ги удрив дедото и диџејот

Конор Мек Грегор не се кае. Во последните неколку години не престанува да се впушта во скандали. „Озлогласениот“ удри постар човек во паб затоа што одби да го пие неговото виски.

Денес Мек Грегор е сопственик на пабот и рече дека му забранил на дедото да го посетува неговиот паб.

Конор неодамна се заплетка во нов скандал за време на посетата на Италија. Излегол да се забавува со познат диџеј и убаво се забавувале. Одеднаш Мек Грегор му удрил кроше, му ги скршил носот и устата.

Дотичниот диџеј нема да го поштеди Мек Грегор и му се закани дека ќе го тужи. Конор одби да го коментира инцидентот, но сепак одлучи да го стори тоа на социјалните мрежи.

„Сакам да им се обратам на сите што сум ги удрил во минатото и да им кажам дека не жалам затоа што тоа го заслужиле. Око за око и за рака.

Батлер, избришете ги овие објави. Јас не ги бришам моите објави, мојот батлер го прави тоа“, им напиша Мек Грегор на своите жртви во последните години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО