Канело Алаварез заработи 40 милиони долари од мечот со Плант

Живата легенда Канело Алварез заработи поголема сума од последната борба. 31-годишниот Мексиканец го нокаутира Калеб Плант во 11-тата рунда минатиот викенд во Вегас. Така со оваа победа стана првиот неприкосновен шампион во историјата во суперсредна категорија.

Ја забележа 15-та последователна победа и остана непоразен цели 8 години. Многу медиуми го опишуваат Алварез како најдобриот активен боксер во светот во моментов. Алварез заработи 40 милиони долари од победата над Плант. А Калеб ќе се утеши со 10 милиони долари.

Алварез сега има скор од 57-1-2 во бокс и победи на 39 нокаут победи. Неговиот единствен пораз е од Флојд Мејведер во 2013 година. Сол изразил желба да направи трилогија со Генади Головкин.

Тие се борееа двапати, а средбите беа многу изедначени. Првиот меч заврши нерешено, а вториот Канело победи со поделена одлука која предизвика многу контроверзи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО