Конор Мек Грегор е причината зошто тројца од придружбата на Хабиб Нурмагомедов нема да одат во затвор.
Тројцата беа уапсени по хаосот во октагонот и трибините по мечот меѓу Русинот и Ирецот. Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, првично беше убеден дека ќе го поминат времето во затвор, но треба да му се заблагодарат на Мек Грегор што нема да се оствари предвидувањето на Вајт.
When Dana White talks to you about a new contract #UFC229 pic.twitter.com/XDmpoIgyc3
— SnitchBitch69 (@SnitchB69) October 7, 2018
„Тие беа ослободени, бидејќи Конор не поднесе тужба“, рече Вајт.
Сепак, Вајт истакна дека и покрај отсуството на обвинување, нема да дозволи инцидентот да остане без санкции.
Се проценува дека двајца од тројцата уапсени се борците на УФЦ, Ислам Махачев и Зубаир Тухудов кои „никогаш повеќе нема да се борат“, објави шефот на УФЦ.
https://twitter.com/shahbazyusuff/status/1048903054345613312?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1048903054345613312&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D749442
Тухубов треба да се бори во еден од главните настани на УФЦ Фајт најт 138, каде што треба да се сретне со тимскиот колега на Мек Грегор, Артем Лобов.
Лобов беше човекот кој го започна целиот скандал во април, завршувајќи со нападот на Мек Грегор на автобусот полн со борци на УФЦ.
Атлетската комисија во Невада веќе започнала истрага за она што се случило, а Вајт посочи дека овие борци може да имаат проблеми со нивните визи од сега па натаму. „Ќе видиме што ќе се случи. Ова го правам од 18 години и не може да сум поразочаран. Дури не сум лут. Само сум многу разочаран“.
The rematch is set #UFC229 pic.twitter.com/uE70BTgUyY
— Jon Ferguson (@MMAFERGUSON1) October 7, 2018
.