Европскиот вицешампион подобар од Хамза Јашари и на Олимписките игри за млади во Аргентина

Хамза Јашари (-66 кг) во првиот настап на младинските Олимписки игри во Буенос Аирес, Аргентина, е поразен од Шпанецот Хавиер Пена Инсаусти со 1-11, однсно со ипон на џудо турнирот.

Од Шпанецот загуби на Европското првенство кога го освои бронзениот медал, а Инсаусти беше втор. Речиси сите фаворити за медал се во групата на нашиот репрезентативец, како првакот на Азија од Узбекистан европскиот шампион од Русија.

Хамза треба да се надева на успех на Шпанецот, за да добие шанса во репасаж, ианку во оваа катгеорија има 17 натпреварувачи.

Синоќа беше свеченото отворање, а знамето на нашите олмпијци го носеше Анамарија Георгиевска (таеквондо).

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО