Мек Грегор на пауза од борбите снима филмови, се огласи за експлицитните сцени: Моите деца нема да го гледаат

Ирската суперѕвезда Конор Мек Грегор не се борел по поразот од Дастин Пориер во јули 2021 година. Неодамна неколку пати рече дека би сакал повторно да се бори, но нема шанси пак да го видиме во кафез.

Причината за тоа се уште не е позната, но можеме да претпоставиме дека една од причините за доцнењето на неговото враќање е снимањето на филмот „Роуд хаус“ во кој Ирецот ја игра главната улога покрај американскиот актер Џејк Гиленхал. „Роуд хаус“ е акционен филм кој е реконструирање на истоимениот филм од 1989 година, акционен трилер со Патрик Свејзи во главната улога.

Премиерата на филмот беше минатата недела, а самиот Мек Грегор се осврна на коментарите за одредени експлицитни сцени:

„Очигледно моите деца нема да го погледнат. Никогаш нема да го погледнат“!

Пред премиерата на филмот изјавил дека ќе се погрижи да ги одвои децата во друга соба. За неговата актерска изведба има позитивни коментари, што не е чудно бидејќи знаеме колку е опуштен пред камерите.

Сигурно би сакале да го видиме повторно на боречката сцена, сепак, сè уште има несогласувања меѓу него и Дана Вајт околу неговото враќање во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО