Мек Грегор му порача на Хабиб: Имам удари за тебе!

Конор Мек Грегор, со „мистериозна“ твитер порака уште еднаш го повика Хабиб Нурмагомедов на реванш дуел. Иако пораката не е конкретно прецизирана, со оглед на прес-конференција која Мек Грегор ја одржа во Москва минатата недела, се претпоставува дека е упатена за Хабиб.

„Имам удари за тебе. Дојди и земи ги“, напиша МекГрегор на Твитер.

Минатата недела, Ирецот при посетата на Москва ја објави својата желба да одржи реванш со Хабиб Нурмагомедов, сегашниот шампион во лесна категорија во УФЦ. Мек Грегор загуби од Нурмагомедов во борбата за титулата во октомври 2018 година и оттогаш не влезе во октагонот. Се претпоставува дека следниот противник на Хабиб ќе биде Американецот Тони Фергусон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО