Мек Грегор: Ќе го нокаутирам Пориер со удар во носот

Поранешниот шампион на УФЦ во две различни категории Конор Мек Грегор е подготвен со своите предвидувања за борбата Дастин Пориер. Тие ќе ја направат трилогија на УФЦ 264 закажан за 10 јули. Нивната пресметка повторно ќе биде во лесна категорија.

На крајот на јануари годинава ја видовме нивната втора борба во Абу Даби. Пориер пријатно изненади со нокаут во втората рунда. Конор е ставен на ѕид, бидејќи победи само на една од последните четири борби во боречките спортови.

Дана Вајт го предупреди да се стегне или да се откаже од ММА. Конор и Дастин имаат по една побед со нокаут, а третиот меч ќе го даде епилогот во нивните пресметки. Не е извесно е што ќе се случи во нивната борба, но Мек Грегор е категоричен:

„Мојата прогноза за мечот со Дастин Порие е подготвена. Ќе победам со удар во носот. Ова ќе се случи во четвртата рунда. Неговиот нос треба да се поправи, а јас сум неговата ринопластика“.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО