Мек Грегор ја започна психолошката војна!

Борбата е договорена! Напиша Конор Мек Грегор по повод конечното потпишување на договорот за бокс мечот против Флојд Мејведер Јуниор, кој ќе се одржи на 26 август во Лас Вегас. Кратко и јасно, би рекле.

Сепак, работата да не биде премногу едноставна, кралот на „валканиот говор“ мораше да почне со подигање на тензиите. Го направи тоа на начин кој очигледно ќе му биде „лајт мотив“ во медиумите испади во очи на мечот на векот, како што го нарекуваат аналитичарите овој судир на боксот и ММА-та. Повторно обраќањето до навивачите го зачини со фотографија во која „се потсмева“ со годините на Мејведер. За потсетување, познатиот боксер има 40 години, но тој има само на 28. Разликата е навистина огромна и додека Ирецот во најдобрите години од животот, Американецот веќе две години е во пензија.

Па така, порај пораката „борба е договорена“ Мек Грегор објави фотографија од себе и татко му на Флојд Мејведер – Флојд Мејведер Сениор кој исто така беше познат боксер. Очигледно смета дека тука е пукнатината во инаку многу силна психа на Мејведер и дека по прашање на годините може да го закачи во психолошката војна кој сигурно ќе се води во пресрет на влегувањето во рингот.

Колку ќе биде успешен во тоа, треба да се види. Но, во минатите големи средби против Хозе Алдо и Еди Алварез и тоа како успеа во своите намери. Двајцата ги победи уште пред да влезат во октагонот. Во кафезот само да ја доврши работата против психички потполно неподготвените противници.

https://www.instagram.com/p/BVVbqGLgwxF/?taken-by=thenotoriousmma

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО