Конор Мек Грегор имаше сообраќајна несреќа во која, за среќа, се спаси без сериозни повреди. Додека возел велосипед на него налетал автомобил и го соборил.
Големата ѕвезда на УФЦ сними сè и објави на својот Инстаграм, а во едно од видеата објасни како возачот на автомобилот Ник не го видел поради одсјајот на сонцето.
„Ова беше гадно, можев да умрам. Среќен сум што се извлеков“, изјави Конор Мек Грегор во едно од видеата.
А сега на Инстаграм објави фотографија на која ја покажа гребаницата која ја доби за време на падот.
За среќа ништо не скрши, а оваа повреда брзо ќе зарасне. Несреќата може да ги наруши плановите на Конор, бидејќи наскоро се очекува неговото враќање во октагонот.
Тренерот Џон Каванаг верува дека Ноториус би можел да се врати на борбите во втората половина на 2023 година.
View this post on Instagram