Хорхе Масвидал против Жилберт Барнс на настанот на УФЦ во април

Американскиот ММА борец Хорхе Масвидал се враќа во октагонот по нешто повеќе од една година пауза.

Имено, Гејмбред договори борба против Бразилецот Жилберт Барнс на настанот УФЦ 287 на 8 април.

Последната борба на Масвидал беше во март минатата година кога загуби од Колби Ковингтон, како и две претходни борби за појасот против Камару Усман.

А Жилберт Барнс го победи Нил Мањи со гушење од прват рунда минатиот викенд.

Двајцата треба да бидат во конасловоната борба на настанот што го предводи реваншот за титулата во средна категорија меѓу шампионот Алекс Переира и Израел Адесања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО