Мек Грегор истрча 150 километри за да помогне на училиште

Конор Мек Грегор трчаше 150 километри со пријателите за добротворни цели. Во текот на целиот февруари, Мек Грегор и компанијата трчаа да соберат средства за училиште за лица со оштетен вид.

Конор и неговите пријатели собраа 20.000 американски долари, кои ги донираа на основното училиште „Сент Џозеф“. На својот профил ги објави информациите, како и фотографиите.

Последен пат во кафезот го видовме Мек Грегор на крајот на јануари.

Загуби со нокаут од Дастин Пориер во Абу Даби. Сега „Озлогласениот“ се подготвува да се врати и ќе се бори со Пориер во третата битка, која УФЦ ја закажува за налето. 32-годишниот Ирец победи само во една од последните четири битки во боречките вештини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО