Наскоро ќе бидеме сведоци на уште една трилогија, дуелот меѓу Конор Мек Грегор и Дастин Пориер. Дајмонд го совлада Ноториус со нокаут во втората рунда на 24 јануари и му возврати за поразот во септември 2014 година. Пориер и Мек Грегор веднаш се согласија за нова борба која неодамна беше потврдена.
Ирската ѕвезда од ММА во една од последните објави на социјалните мрежи истакна дека ќе се подготви за пресметката против Дастин како во пресрет на неговото деби во УФЦ кога беше максимално фокусиран на својот противник.
На Пориер не му помина таа изјава: „Никогаш не забушавам, ќе се сретнеме на средина на октагонот на 10 јули“
Конор Мек Грегор веднаш му се јави на Дијамантот:
„Драго ми е што го слушнав тоа и се надевам дека е така. Минатиот пат се повлекуваше и почна да уриваш во првите 30 секунди. Ќе бидам таму, ако сакаш, во средината од самиот почеток. Го знаеш тоа. Овој пат ќе бидам подготвен за тактиката. Се гледаме таму“.
Нивниот трет дуел ќе го предводи УФЦ 264 што ќе се одржи на 10 јули.
Good to hear Dustin, I hope so. As last time you backed up and shot inside the first 30 seconds. I’ll be in the middle from the very go if you want it. You know that. I’ll be ready for the tactics this time too tho.
See you in there. https://t.co/RMiwF1rpGD— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) April 6, 2021