Мек Грегор и Мејведер се спречкаа, а со Малигнаги работата отиде вон контрола (ВИДЕО)

Средбата меѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор  е точно зад аголот (26 август) и славењето почнаа денеска, почнувајќи од  „Големото пристигнување“ на двкацата борци во Т-Мобиле арена во Лас Вегас. Никој не беше сосема сигурен што значеше тоа. Дали двајцата борци ќе разговараат? Или ќе имаат неформален состанок лице в лице?

Не знаеме што планирале, но она што не беше предвидено, дефинитивно стана врв на попладнето – Мек Грегор и Мејведер се сретнаа и речиси за малку не се степаа, но обезбедувањето интервенираше и спречи натамошното несогласување.

https://youtu.be/8ngu8BpLDng

Тоа не беше единствената конфронтација што се случи. Возбудениот поранешен спаринг партнер на Конор и коментатор на Шоутајм, Полие Малигнаги, исто така влезе во расправии со Мек Грегор. Малигнаги изјави дека сака да се бори со Мек Грегор и изгледа дека нема да го прифати одговорот „не“.

Останува уште три дена, а ситуацијата станува се по тензична.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО