Мек Грегор го сака Пориер, за да се загрее за Пакијао

Конор Мек Грегор ги потврди зборовите на Дастин Пориер, кој рече дека Ирецот сака реванш со него за да се подготви за битката со Мани Пакијао.

Во интервју за MMAJunkie, Пориер изјави дека Мек Грегор сака да се бори со него затоа што се бори со обратен гард за да биде подготвен за Пакијао, кој исто така се бори и со обратен гард.

Затоа Мек Грегор инсистира на борбата со Пориет годинава, така што во 2021 година тој може слободно да се врати во боксот, каде што повторно ќе заработи милиони. Пакијао потпиша со Парадигма спорт, која го и претставува Мек Грегор, а ова ќе го олесни организирањето на овој судир.

На својот профил на социјалните мрежи, Конор ја потврди теоријата на Пориер и рече дека сака да ги подобри своите вештини во кафезот, што ќе му помогне да остане во форма за Пакијао.

„Да точно е. Ќе боксирам во стилот на јужната шепа / обратен гард. Ќе ги подобрам моите ММА вештини наспроти тешката конкуренција. Во исто време, ќе се подготвувам за Пакијао.

Не е лесно да се борите во два различни спорта. Само сакам да бидам подготвен. Тоа е се“, напиша Мек Грегор.

https://www.instagram.com/p/CGLASnjp2_O/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО