Хабиб: Не можам да бидам тренер со Мек Грегор на ТУФ, дури да ми дадат и 5 милијарди

Хабиб Нурмагомедов потврди дека ја одбил понудата од организацијата да тренира со Конор Мек Грегор во The Ultimate Fighter. Пред неколку недели, Дана Вајт ја проследи оваа информација, а Хабиб му ја потврди на Брет Окамото. За непоразениот шампион во лесна категорија сагата со Мек Грегор заврши во 2018 година, кога го натера да се предаде и ја одбрани титулата.

„Орелот“ е категоричен дека нема да му даде шанса на Мек Грегор во ТУФ, дури и ако му дадат милијарди или целата организација. На крајот на месецот, Хабиб ќе се соочи со Џастин Гејџи за да ја брани титулата. Тој не верува дека Мек Грегор ќе му биде противник доколку го одбрани појасот во Абу Даби.

„Да сме тренери со Конор Мек Грегор во ТУФ е добро за него, затоа што ќе привлече внимание. Не сакам да му дадам такво нешто и никогаш нема да го сторам тоа. Нема да го направам тоа, дури и за 5 милијарди. Нема да го сторам тоа, дури и ако ми ја дадат целата компанија. Ова е добро за него, бидејќи ќе има големо внимание.

Сè заврши на 6 октомври 2018 година. На тој датум завршив сè со него. Имам нови предизвици. Порано беше Пориер, а сега е Гејџи. Ќе видиме што ќе се случи понатаму. Не мислам дека Мек Грегор ќе биде мојот иден противник“, рече Хабиб за Мек Грегор.

Конор се подготвува за борба со Дастин Пориер оваа година, доколку победи, Дана може да го принуди Хабиб на реванш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО