Мек Грегор ги воодушеви фановите со ново видео од тренинг, Сехудо му даде совет

Конор Мек Грегор е целосно посветен на враќањето во октагонот. Големата ѕвезда на УФЦ продолжува напорно да тренира за што сведочи и неговата последна објава на социјалните мрежи.

Имено, Ирецот повторно го крши фокусерот во новиот спот.

„Тоа го нарекувам „лак и стрела на Мек Грегор“, ме потсетува на Брус Ли“, напиша Конор Мек Грегор.

Мек Грегор најави враќање на крајот на летото, откако целосно се опорави од повредата што ја заработи минатиот јули на средбата против Дастин Пориер.

Имено, во борбата на крајот од првата рунда ја скрши ногата и заврши на операција.

Последното видео од тренинг на Конор беше коментирано од поранешниот шампион на УФЦ, Хенри Сехудо, кој му даде на ирскиот борец неколку совети за бокс.

„Премногу телефонираш и не работиш добро. Треба половично да удираш со предната рака, како би имал успешен заден удар. Не се работи за комбинација, туку треба се да сокриеш се за да изненадиш противникот. Со почит, Гоат – смирениот Хенри“, напиша Сехудо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО