Чимаев му фрли ракавица на Усман

Чеченската ѕвезда Хамзат Чимаев е подготвен да се бори за титулата во полусредна категорија.

Борз моментално е во родната Чеченија и очигледно е инспириран да се бори со Камару Усман. 28-годишниот Чимаев има скор од 11-0 во ММА, а во последната борба го совлада Жилберт Барнс во април. Многумина очекуваа Чимаев да го прегази Барнс, но тоа не се случи.

Хамзат сериозно се бореше, но покажа издржливост и срце. УФЦ сака Усман да се бори со Леон Едвардс, но Чимаев планира поинаку. На социјалните мрежи чеченската ѕвезда повика на шампионска битка.

„Камару Усман, кажи ми кога ќе бидеш подготвен“, напиша Чимаев на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khamzat Chimaev (@khamzat_chimaev)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО