Мек Грегор: Гејџи и Фрегусон се безделниците во лесна категорија

Конор Мек Грегор не е задоволен од коментарите на Џастин Гејџи за него. На социјалните мрежи, Гејџи реши да го искаже своето мислење и изјави дека Камару Усман ќе го убие Мек Грегор во средна категорија.

Во последните денови „Озлогласениот“ повторно е доста активен на социјалните мрежи и се закани дека ќе се врати во врвната категорија во 2022 година за да го симне Усман од тронот.

Страствените обожаватели на големата ѕвезда на УФЦ се возбудени, а луѓето што ја разбираат ММА мислат дека Усман лесно ќе доминира. Критиките на Гејџи го натераа Мек Грегор да го зајаде, а тој рече дека Гејџи имал погрешно око и дека е безделник.

„Што е ова по ѓаволите момци? Една страница на социјалните мрежи ја објави оваа фотографија. Дури и не знаев дека се сликам со овој бизон.

Во она време ги мачкав во перо категорија и немав идеја кој е овој човек со тоа погрешно око. Со години сум во овој спорт. Моите раце се направени од камен.

Оној со погрешното око (Гејџи и Тони („Ел КокАј“) Фергусон се безделниците во лесна категорија“, напиша Мек Грегор за Гејџи откако објави фотографија од пред две години.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО