Мек Грегор доби супер реален двојник во славниот музеј на восочни фигури (ФОТО)

Оваа недела е откриена восочна фигура на најпознатиот и најпопуларниот борец во овој момент на земјината топка. Секако, станува збор за шампионот на УФЦ Конор Мек Грегор кој доби својата восочна репродукција во познатиот музеј на Мадам Тисо во британскиот Блекпул.

Фотографиите во англискиот печат откриваат дека Мек Грегор е направен исклучително уверливо, а оние кои ја виделе скулптурата во живо, наводно, уште повеќе се импресионирани од деталите кои се едноставно се неверојатни. Уметниците кои прават восочни фигури во познатиот музеј овој пат навистина се надминале себе.

Мек Грегор е откриен по повод пет години откако првпат го потпиша договорот со Ултимејт фајтинг чемпионшип (УФЦ).

„Пресреќни сме што можевме да ја претставиме фигурата на Конор тука во Блекпул. Тоа не се случува секој ден да може да се застане покрај професионален борец и да преживееш за да расакажеш таа прилика“, рече Метју Титерингтон, главен музејски директор.

Галеријата на фотографии може да погледнете на овој ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО