Мек Грегор до Пориер: Копиле, јас сум целта на сите и секогаш сум следниот за титулата

Дастин Пориер ја совлада депресијата по тешкиот пораз од Хабиб Нурмагомедов во Абу Даби и го повика на реванш на Конор Мек Грегор. Тие се бореа пред една година во перо категорија, а тогаш Мек Грегор го совлада Поирер со нокаут во првата рунда. А и двајцата се поразени од Хабиб Нурмагомедов, затоа Пориер верува дека нема подобра борба.

Сепак, Мек Грегор не размислува така и пред неколку дена го предизвика Нурмагомедов за реванш во Москва. „Озлогласениот“ реши да одговори на предизвикот на Пориер и сподели дека тој е целта на сите во УФЦ.

„Дастин Пориер, те нахранив од подот за 90 секунди. Требаше да зборуваш за мене со малку повеќе почит пред вашата битка. Ти рече дека Мек Грегор не е следниот за титулата. Копиле, секогаш е Мек Грегор. Секогаш сум цел на сите. Сега, кажи ми го тоа и јас ќе размислам“, порача Мек Грегор.

https://www.instagram.com/p/B2NSL5zorKe/?utm_source=ig_embed
https://www.youtube.com/watch?v=0_mPPPZck0M
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО