Мек Грегор до Чендлер: Ќе те смачкам, пријателе!

Ирскиот ММА борец, поранешен шампион на УФЦ во две тежински категории Конор Мек Грегор му се обрати на својот иден противник Мајкл Чендлер.

Потсетуваме дека Конор Мек Грегор, заедно со Мајкл Чендлер, станаа тренери во 31-та последователна сезона на ТУФ. На крајот на сезоната борците ќе одржат борба, која ќе се биде во полусредна категорија.

Ова ќе биде прва борба на Мек Грегор од јули 2021 година. Тогаш Ирецот загуби од Дастин Пориее со технички нокаут. Вкупно, Конор има 22 победи и 6 порази во ММА. Чендлер исто така загуби од Пориер во неговата последна борба.

Ова се случи минатиот ноември откако Дастин победи со завршница. Чендлер неодамна изјави дека не верува оти Мек Грегор не лаже за неговото враќање. Мајкл предвиде дека ќе има борба, а Мек Грегор му се закани дека ќе го здроби.

„Ќе бидеш смачкан, прујателе!“ се закани Мек Грегор на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО