Денес за време на прес- конференцијата пред УФЦ 194, Конор Мек Грегор даде изјава за противникот, Хозе Алдо, која беше во негов стил.
Мек Грегор пред новинарите рече дека само тој ја издигнал на толку високо ниво перо категоријата, за разлика од Алдо кој е долгогодишен шампион.
„Пред мене немаше главна борба од перо категорија. Никој од оваа категорија не бил на главниот настан, освен ако не станувало збор за меч за титулата. Но Хозе е мрмкач, што ништо не прави, бидејќи многу ретко се бори. Сега, откако и јас излегов на сцената, има 10 главни настани во категоријата перо“.