Мек Доналд: Доѓам по крв и пари

rory-macdonald-krv

Рори Мек Доналд планира да земе пауза до летото 2017 година со цел целосно да го излекува носот.

Кога ќе се враќа во кафез тоа ќе биде во Белатор. 27-годишниот Канаѓанец планира да стане шампион во две категории, а предизвик им го испрати на борците од лесна до средна категорија.

Иако Белатор нема длабочина во списокот како УФЦ, за него, секако постојат многу интересни предизвици.

„Има некои возбудливи мечеви за мене во Белатор на 77 и 84 килограми, а ги има некои со мадиња и од 70 килограми кои сакаат да ја зголемат тежината“, напиша тој на Твитер.

„Луѓето велат дека Белатор нема врвни борци. Тоа ме потсетува на времето кога борците на Страјкфорс носеа стигма. Да не ве залажува логото“.

„Луѓето забораваат дека борците на Страјкфорс дојдоа и освоија многу појаси во УФЦ“.

„Сега, кога тоа е кажано… не планирам да играат игрички со тие борци, доаѓаам по нивната крв и парите“.

Мекдоналд во своето обраќање на Твитер ги прозва Пол Дејли, Мелвин Манхоеф, Мајкл Пејџ – Веном, Рафаел Карваљо, Мајкл Чендлер, Андреј Корешков и Бенсон Хендерсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО