Мејведер станува тренер и сака да биде најдобар

Флојд Мејведер има 50 победи од исто толку борби и е еден од најдобрите боксери на сите времиња кој сега планира да биде еден од најдобрите тренери во светот. Инспирација за тоа му е неговиот стрико Роџер Мејведер, и самиот поранешен боксерски шампион, кој беше долгогодишен негов тренер. Роџер минатиот месец почина на 58 години по долга и тешка болест.

„Секогаш покрај себе имав неверојатни тренери, меѓу кои беа мојот татко и мојот стрико. Неодамнешната смрт на мојот стрико Роџер ме инспирираше да им помогнам на сите оние околу мене, исто онака како што тој беше со мене низ целата моја кариера“, вели 43-годишниот Флојд, на кого пандемијата на коронавирусот му ги отвори очите за да ја разбере важноста на заедништвото и помагањето на другите.

„Вистинскиот тренер сака да го извлече најдобрите од своите учеиници и да ги носи до освојување на неверојатните височини. Нов сум во помагањето на другите, но верувам дека може да бидам еден од најдобрите тренери во светот“ – вели Флојд Мејведер.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО