Тајсон си ја истетовира главата и го нокаутира противникот за 49 секунди (ВИДЕО)

Боксерската легенда, според некои и најдобриот боксер на сите времиња, Мајк Тајсон со поразот од Ленокс Луис на 6 јуни 2002 година за титулата шампион практично ја заврши кариерата, иако после тоа имаше уште неколку борби.

Дека е тоа така, сведочи и првиот меч после тоа одржан осум месеци подоцна против Клифорд Етјен. На 10 дена пред борбата Тајсон беше во конфликт со тренерот Џеф Финич, кој му забележа дека не тренира доволно.

Незадоволниот Тајсон во знак на протест ја тетовираше главата и рече дека се откажува од борбата.

„Не беше подготвен. По разговорот од еден час, во солзи ја напуштив куќата во која живеев и со првиот лет се вратив кај семејството. Само една недела пред борбата ја тетовираше главата, поради што не смееше така брзо да се бори“, раскажаа Финич.

Во меѓувреме Тајсон се предомисли, го замени тренерот и го нокаутираше Етјен за само 49 секунди во Мемфис. „Железниот Мајк“ во кариерата од 58 борби триумфираше 50 пати, 44 со нокаут, воедно запиша шест порази и две борби ги заврши нерешено.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО