Мејведер: Подобар сум од Мухамед Али!

Flojd-Alvarez

Американскиот боксер, Флојд Мејведер Јуниор, во пресрет на борбата против Мани Пакијао смета дека е подобар од легендарниот Мухамед Али.

 Флојд Мејведер е светски шампион во пет боксерски категории, се подготвува за борбата против Филипинецот, Мани Пакијао, на 2 мај. Меч кој ќе реши кој е најдобар боксер на денешницата.
„Никој не може да ме убеди дека Шугар Реј Робинсон и Мухамед Али се подобри од мене. Ќе им симнам капа и ќе им изразам почит бидејќи тие го изгазија патот низ кој јас минав и стигнав до овде” – изјави Мејведер.
Коментаторите се прашуваат во што е подобар?!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО